Второто ден натпревари на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија, што се одржува во Битола, ги носи полуфиналните пресметки.
Четирите екипи кои се на самиот врв на првенствената табела, останаа во игра на куп трофејот.
Бранителот и актуелен шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе има тешка задача да обезбеди ново финале. Аеродромци за него ќе се борат во дуелот со најголемиот ривал Работнички.
Сезонава, во првенството, двата тима забележаа по една победа и тоа на гостински терен, па играњето на неутрален, нема да биде хендикеп за никој.
Дуелот меѓу МЗТ Скопје А. и Работнички е првиот на денешната програма, а ќе почне од 17 часот.
Во вториот, ќе играат домаќинот Пелистер и кавадаречки Еуро Никел.
Пелистерци ќе ја имаат поддршката од публиката, а воедно и мотив повеќе да му се реваншираат за Еуро Никел за поразот пред 20-тина дена. Тогаш, кавадарчани славеа по продолжение и втор пат излегоа како победници сезонава против пелистерци.
Почетокот на натпреварот Пелистер – Еуро Никел е закажан од 19.30 часот.
Двата натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)