Екипата на Баер Леверкузен прави голем исчекор кон шампионскиот трофеј во Бундес лигата.
Големото дерби во кое се сретнаа двете првопласирани екипи го добија „фармацевтите“ совладувајќи го минхенски Баерн со 3-0.
Домаќините беа подобри во текот на целиот натпревар и стигнаа до посакуваната победа и трите бода.
Триумфот го најавија уште во 18-тата минута која Станишиќ им донесе водство.
По само пет минути игра во вториот дел Грималдо зголеми на 2-0.
Судбината на актуелниот шампион, ја запечати Фримпонг во судиското дополнение, поставувачи ги конечните 3-0.
Сега тимот од Леверкузен има 55 бодови и пет повеќе од ривалот Баерн, Далеку зад нив се Штутгарт и Борусија Дортмунд со по 40 бодови.