Во најсилната светска кошаркарска лига НБА, ноќеска беа одиграни седум натпревари. По нив екипите на Бостон и Атланта ја продолжуваат трката за 1.место во Источната конференција.
Бостон ја победија Атланта со 125:117 и ја забележа седмата последователна победа. „Селтикси“ ги предводеше Кристапс Порзингис со 31 поен, а Дерик Вајт постигна 21 поен со седум асистенции. Во победата придонесе Џејсон Тејтум со 20 поени и девет скока.
И Кливленд кој е зад „Селтикс“ на табелата, за оствари седмата победа по ред. Овојпат „Кавс“ славеа на гостувањето кај Вашингтон со 114-106. Денис Мичел постигна 40 поени на кои додаде осум скока и пет асистенции.
Најдобар индивидуален ефект оствари кошаркарот на Шарлот, Мајлс Бриџис. Тој во поразот на „стршлените“ на домашен терен од Торонто реализира 45 поени, а имаше и 8 скока и седум асистенции.
За обележување е новиот пораз на Филаделфија која без Џоел Ембид не е истиот тим. 76-ките го претрпеа седмиот пораз во низа и тоа од Голден Стеј од кого загубија убедливо со 104-127.
Кошаркарите на ЛА „Клиперс“ за 13 дена го одиграа и осмиот натпревар во кој го претрпеа четвртиот пораз. „Клиперси“ пред своите симпатизери загубија од Њу Орлеанс со 106-117.