Со одигрувањето на натпреварите од осминафиналната рунда, познати се сите екипи што ќе продолжат во четвртфиналето на Купот на Македонија во двете конкуренции.

Кај дамите беа одиграни осум натпревари, а сите минаа со очекувани и убедливи победи на фаворитките.

Куп на Македонија (жени) – осминафинале
Струмица жени – Македонија Макс 3:0 (25:9, 25:13, 25:6)
Јанта волеј – Форца волеј Ема 3:0 (25:11, 25:13, 25:18)
Наковски волеј – Виктори волеј 3:0 (25:12, 25:15, 25:11)
Работнички Скопје – Фламинго волеј 3:0 (25:5, 25:2, 25:7)
Фит фан волеј – Бами Кор 3:1 (23:25, 25:11, 25:20, 25:15)
Младост УГД – Ускана 3:1 (23:25, 27:25, 25:13, 25:18)
Вардар ЕМ – Газели волеј 3:0 (25:22, 25:14, 25:8)
Пелистер волеј – Вардар жени 3:0 (25:12, 25:9, 25:11)

Речиси исто минаа и натпреварите кај мажите исклучок дуелот на ланскиот финалист Борец кој одигра пет сета против екипата на Сушево.

Во машка конкуренција се одиграа четири натпревари, бидејќи директен пласман во четвртфиналето веќе обезбедија: Струмица, Штип УГД, Лирија, Работнички.

Куп на Македонија (мажи) – претколо за четвртфинале
Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:19, 25:22, 25:13)
Весна Пробиштип – Вардар 3:1 (16:25, 25:12, 25:18, 25:14)
Шкендија – Јанта волеј 3:0 (25:18, 25:13, 25:19)
ГОК Борец – Сушево 3:2 (27:25, 19:25, 25:12, 22:25, 15:8)