Македонската фудбалска репрезентација попладнево ќе ги дозна противниците за новото издание на Лигата на нации.

Во Париз од 18 часот е закажана ждрепката.

Македонските фудбалери и овојпат ќе настапуваат во третата квалитативна „Ц“ конкуренција во Лигата на нациите.

Црвено-жолтите извлекувањето ќе го чекаат од третиот сад, во кој се и селекциите на Словачка, Северна Ирска, Кипар.

Моќни ривали на Македонија од првиот сад се: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург. Подобро рангирани од нас, во вториот сад се: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови.

Условно, послаби во рангот од нас се селекциите од четвртиот сад, Белорусија, Естонија, Летонија, а тука бе биде и Литванија или Гибралтар.

Новото издание на Лигата на нациите започнува со двата натпревари закани за 5 и 8 септември. Вториот круг односно, третото и четвртото коло ќе се играат на 10 и 13 октомври, а групите ќе завршат со два натпревари на 14 и 17 ноември 2024.

Двете првопласирани селекции од своите групи ќе обезбедат пласман во првата, четвртфинална рунда, а ќе играат против репрезентации од својот ранг.