Кошаркарите на Пелистер без многу мака стигнаа до единаесетта прволигашка победа.
Во натпревар од 16.коло одигран попладнево во Охрид, пелистерци ја совладаа истоимената домашна екипа со 77-85.
Освен почетните две водства на Охриѓани (2-0 и 4-3) се натаму беше во знакот на гостите. Пелистер по првата четвртина создаде предност од 7, а во втората уште 2 поени разлика и на одмор замина со +9 (47-38).
Најефикасен во победничката екипа беше Александар Костовски со 22 поени шуторајчи 6 од 8 за три. Јуре Планиниќ заврши со двоен ефект 15 поени додаде 12 скокови, а дабл-дабл кај Охрид имаше Американецот, Лајонс со 14 поени и 10 скокови.
Неговиот сонародник Бровер со 28 поени заедно со Димовски кој постигна 15 поени беа најрасположени напаѓачки кај домаќините.
По оваа победа Пелистер сега има 27 бодови колку што имаат Еуро Никел и МЗТ Скопје и тимот на Чаир.
Инаку во овие моменти во Кавадарци се игра дербито меѓу Еуро Никел и МЗТ Скопје Аеродром, а победникот од овој меч ќе избие на 1.место на табелата.