Само неколку часа пред одржувањето на Вонредното изборно собрание на Македонскиот Олимписки Комитет, Александар Маленко се откажа од трката за претседател!?
Имено, Маленко одамна ја најави својата кандидатура за прв човек на македонскиот Олимпизам, а требаше да биде наследник на Даниел Димевски.
Попладнево (18 часот) иницијаторите за промени во МОК, ќе го одржат своето собрание, на кое треба да изберат претседател.
Кој е кандидатот засега официјално нема потврда, иако во јавноста се шпекулира со уште две имиња!?
Зошто „фронтменот“ на иницијативата за промени се повлече во последен миг и тоа останува не одговорено!?
Ова секако ќе биде прва епизода од олимписката „сапуница“ во Македонија, а втората е најавена за во четврток.
Имено, актуелното раководство на МОК, за 8 февруари, во СВ „Јане Сандански“ закажа „редовни избори“.