Фил Фоден е јунакот на Манчестер Сити во победата со пресврт над Брендфорд со 3-1.
Шампионот имаше негатива од 1-0 од 21-та минута кога Нил Мопеј им донесе водство на домаќините.
Во продолжение на сцена стапи Фоден со три гола.
Серијата ја отвори во дополнението на првиот дел (45+3) за израмнување на 1-1.
По само осум минути игра во второто полувреме (53) Фоден го најави пресвртот. Својот хет-трик за потврда на победата на Сити, Фоден го реализира со 70-тата минута,
Сити се врати на втората позиција на табелата со 49 бодови колку што има и третиот Арсенал. Ливерпул е водечки со два бода повеќе, но шампионот има одиграно еден натпревар помалку.