Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано веќе четврти натпревар о низа немаат победа.

Овој пат Рајо пред своите симпатизери е поразен од Севиља со 2-1 во натпревар од 23.коло на Ла Лига.

Гостите од Андалузија поведоа во 19-тата минута со голот на Ел Насри.

Десет минути подоцна Палазон на ефектен начин го израмни резултатот.

Димитриевски во неколку наврати ја спасуваше својата мрежа, но не и во 45-тата минута.

Лошата проценка на македонскиот голман му овозможи на Ел Насри втор пат да се запише во листата на стрелци.

За Рајо ова беше трет пораз на последните четири натпревари, Севиља пак ја оствари првата победа по четирите неуспеси.