Десетта победа по ред за Барселона во сите натпреварувања, петта по ред во Примера за убедлива прва позиција на табелата.
Избраниците на Чави, одиграа уште еден одличен натпревар и целосно ја надиграа Севиља со убедливи 3-0.
Севиља успешно одолеваше на нападите се до 58. минута кога искусниот Жорди Алба со својот прв гол сезонава, донесе предност за својот тим од 1-0.
Предноста значеше дека Севиља ќе треба да нападне, а со тоа остави многу повеќе простор за играчите на Барселона, па казната стигна во 70. минута преку Гави, за уште еден играч да се запиша во листата стрелци оваа сезона во редовите на Барселона.
Конечните 3-0 на натпреварот ги постави Рафиња во 79-тата минута.
Победата на Барселона има двојна тежина ако се знае дека вчера, главниот конкурент за титулата, Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Мајорка. Ваквиот епилог ја зголеми предноста на Барселона, која сега изнесува 8 бода плус во однос на ,,Кралевите”.