,,Дерби Дела Мадонина” заврши со победа на домаќинот на оваа средба, Интер, со минимален резултат од 1-0.

Тврд натпревар, без многу убавини и шанси, типично за Италијанско дерби со многу тактизирања, шаховска битка во која подобро се снајдоа избраниците на Симоне Инзаги.

Стрелец на единствениот и победнички погодок на натпреварот беше аргентинскиот напаѓач во редовите не ,,Нероаѕурите”, Лаутаро Мартинез, кој во 34-тата минута по одличното нафрлување на Чалканоглу, го матираше Татарушану, за водство од 1-0. Милан никако не успеа да фати ритам и посериозно да го притисне Интер, а единствената вистинска прилика за гол ја ,,Росонерите” ја имаа дури во 75-тата минута преку Брахим Дијаз, но неговиот удар го одбрани Онана.

Лаударто Мартинез постигна уште еден погодок во 91-та минута, но истиот беше поништен поради интервенција на ВАР системот, па резултатот остана непоременет,1-0 во полза на Интер.

Со оваа победа Интер се врати на втората позиција со 43 бода, додека Милан продолжи да тоне, па со 38 е на шестата позиција.