Екипата на Шалке за која настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја чека тешка борба за опстанок во втората Бундес лига.
Тимот од Гелзенкирхен освои важни три бода во „дербито“ од долниот дел на табелата совладувајќи го Брауншвајнг со 1-0.
Иако двата тима играа отворена и напаѓачки сепак, стрелците во првиот дел не беа на нивото.
Во второто полувреме, домаќините тргнаа уште по офанзивно. Тоа донесе резултат во 61.минута кога Турчинот, Караман му донесе предност на Шалке од 1-0.
Веднаш по голот Чурлинов беше повлечен од игра.
Сега Шалке со 23 бодови се проби на 14.место на табелата со два бода повеќе од Кајзерслаутер и Ханза Рошток кои утре ќе ги играат своите натпревари од ова коло.
Standings provided by Sofascore