Екипата на ТФТ по подолга пауза повторно се израдува на победа во АБА2 лигата.

Во натпреварот од 10-тото коло ТФТ го совлада словенечкиот тим Шенчур со 85-77.

Кошаркарите на ТФТ добро го отворија натпреварот. Од самиот почеток го поведоа, а најголемата предност во првата четвртина изнесуваше 12 поени (18-06), но тука подзастана. Противникот направи серија од 2-13 и намали само на поен негатива (20-19). На одмор ТФТ замина со четири поени посредност 37-33.

Во второто полувреме, односно третата четвртина, ТФТ повторно се одлепи и стигна до +17 (64-47). Во последната четвртина отиде ТФТ на највисоки 19 разлика, што се покажаа како решавачки иако на 80.секунди пред крајот противникот дојде до 8 негатива. Сепак предоцна беше тоа, па ТФТ заслужено се радуваше на триумф со конечни 85-77.

Калхун со 18 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ за кој Ташовски постигна 16.

ТФТ во овој натпревар го заврши настапот на претпоследниот турнир со една победа и два порази. Скопската екипа има вкупно две победи на 10-те одиграни натпревари останува во игра за плејофот.

Затоа пак останатите два македонски претставници, МЗТ Скопје и Пелистер се со реални шанси за разигрувањето.

Шампионот МЗТ е петти, а утре ќе игра против Војводина, додека вицепрвакот Пелистер кој за противник ќе го има Сутјеска е на осмото место.

Standings provided by Sofascore