Во Првата машка кошаркарска лига викендов ќе се одиграат само три натпревари. Причина е настапот на македонски претставници во АБА2 лигата.

Во денешните натпревари, Работнички и Чаир ја имаат улогата на фаворити во дуелите со Академија ФМП и Вардар. Поинтересен се очекува да боде утре натпреварот меѓу Феникс и Гостивар.

Останатите три натпревари од оваа рунда ќе се играат во среда за кога е закажано и дербито. Имено, во Кавадарци, ќе се сретнат двете прво пласирани екипи на табелата Еуро Никел и МЗТ Скопје Аеродром.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 16.КОЛО
сабота
19.00 ЧАИР – АКАДЕМИЈА ФМП
18.00 РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
недела
20.00 ФЕНИКС – ГОСТИВАР
среда
17.00 ОХРИД – ПЕЛИСТЕР
18.00 ТФТ – КОЖУВ
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД

ТАБЕЛА: Еуро Никел 27 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, , Пелистер 25, Чаир 25, Феникс 24, ТФТ 24, Гостивар 20, Кожув 18, Академија ФМП 18, Охрид 18, Вардар 18.