Од викендов македонската спортска понуда е збогатена и со натпреварите во одбојкарскиот шампионат.

Започна вториот дел од сезоната во двете конкуренции во машката лига. Во така-наречената Фаза 2, екипите се поделени во две конкуренции оние што ќе разигруваат за титулата и оние за пласман.

Во поквалитетната, плеј-офот лига, актуелниот шампион и топ фаворит за титулата и годинава, Струмица славеше убедлива победа над Весна Пробиштип. Струмичани со тоа го одржаа максималниот ефект кој сега изнесува 12 победи и на исто толку одиграни натпревари.

ПРВА ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло  
петок
СТРУМИЦА – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3-0 (25:21, 25:14, 25:15)
Сабота
17.00 ШТИП УГД – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО
16.30 ЛИРИЈА – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: Струмица 12-0, Штип УГД 9-2, Лирија 9-2, Работнички 8-3, Универзитет во Тетово 7-4, Весна Пробиштип 7-5.

ОДБОЈКА ПРВА ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло 
петок
СУШЕВО – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3-0 (27:25, 25:22, 25:12)
сабота
18.00 ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЏИО
18.00 ГОК БОРЕЦ – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Шкендија 5-6, ГОК Борец 4-7, Сушево 4-8, Јанта волеј 2-10, Вардар 1-10, Македонија Џио 0-11.