Уште една одлична партија одигра Никола Јокиќ кој го предводеше шампионот Денвер до победа на Портланд со 120:108.

Србинот натпреварот го заврши со 27 поени, 22 скока и 12 асистенции, а тоа е шести пат сезонава за има бројки (20-20-10). Воедно тоа беше 15-ти троен учинок сезонава за Јокиќ.

Индивидуални одлични натпрвари одиграа и Кевин Дирент и Тре Јанг.

Кевин Дурент го предводеше Феникс со 35 поени, осум скока и асистенции, но неговиот Феникс загуби на гостувањето кај Атланта. Во победничката екипа Тре Јанг имаше дабл-дабл со 34 поени и 15 асистенции, а „Хоукси“ победија со 129:120.

33 поени уфрли Каваи Ленард во победата на ЛА Клуперс на гостувањето кај Детроит со 136:125.

На останатите натпревари: Вашингтон – Мајами 102:110, Индијана – Сакраменто 122:13, Хјустон – Торонто 135: 106, Мемфис – Голден Стејт 101 :121, Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:114 , Оклахома – Шарлот 126:106.