Македонската репрезентација за одбојкари до 18 години ги добија противниците за втората фаза во квалификациите за Европското првенство 2024-та.
Откако во првиот круг на турнирот во Струмица, македонските надежи се изборија за втората рунда, во неа црвено-жолтите имаат тешки противници.
Македонија ќе биде дел од А групата чиј натпревари ќе се играат во Италија.
Покрај домашната селекција на Азурите, противници на нашите јуниори ќе бидат и врсниците од Израел и Грција. Против Грците игравме и во Струмица.
Според календарот на ЦЕВ натпреварите треба да се играат во периодот од 12 до 14 април.