Екипата на Баскет кам се врати на првото место на табелата откако го доби дерби дуелот на 12.коло против Вардар.

Актуелниот шампион славеше убедливи убедливо со 77:58, за десетта победа колку што има и ривалот.

Прво полувреме мина со мал број на кошеви, а го доби Баскет кам со десет разлика 33:22.

Дилемите околу конечниот победник беа решени во третиот период. Во него актуелниот шампион дојде до голема предност од 60:36.

Ивана Кметовска беше прво поентерско име во победничката екипа. Репрезентативното крило реализираше 25.поени. Ја следеше Димова со 18, Максимовска даде 13, а капитенот Поп-Димитровска уште девет.

Кај Вардар, Димитријевиќ уфрли 18.поени, Матие имаше 10, еден помалку постигна Деловска, додека Зафировска ја заврши средбата со осум постигнати поени.

ПРВА „А“ ЛИГА (жени) – 12.КОЛО
Баскет Кам 2011 – Вардар 77:58
Куманово–Гризли – Бадел 1862 75:71
Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром 77:73
Струга 2009 – Крива Паланка 38:71

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 22, Вардар 22, МЗТ Скопје Аеродром 20, Крива Паланка 18, Куманово-Гризли 18, Пробаскет 17, Бадел 1862 15, Струга 2009 12;