Баерн Минхен ја прекина серијата нерешени резултати од последните три натпревари и денес конечно повторно победи.
Избраниците на Негелсман, славеа на гостувањето кај Волфсбург со 2-4 и со тоа се вратија на врвот на табелата во Бундес Лигата.
Кингсли во деветтата минута го најави убедливиот триумф на Баерн и донесе предност 0-1. Само пет минути подоцна, на систенција на Кансело, Французот повторно ја затресе противничката мрежа и зголеми на 0-2.
По само 19 минути игра Баерн имаше убедливи 0-3 откако Томас Милер по трет пат ја затресе мрежата на противничкиот голман.
Волфсбург успеа колку толку да се врати во натпреварот преку Камински во 44-тата минута, кога на асистенција на Отавио намали на 1-3.
Џошуа Кимих во 54-тата минута направи прекршок за втор жолт картон на нтпреварот и со тоа го остави својот тим со играч помлаку.
Меѓутоа инфериорноста во играчката бројност на теренот не го спречи Баерн да продолжи да напаѓа и да создава шанси, а нападите во 73-тата минута вродија со нов, четврти гол на натперварот, кој овој пат беше дело на Мусиала.
До крајот на натпреварот, Волфсбур преку Сванберг во 81-та минута само успеа да го ублажи поразот, за конечни 2-4.
Со оваа победа, Баерн со 40 освоени вода се врати на врвот на Бундеслигата, бод повеќе во однос на второпласираниот Унион Берлин и три повеќе во однос на третопласираната, Борусија Дортмунд