Кошаркарите на Пелистер ја остварија 11.та победа во првенството откако попладнево беа поуспешни од ФМП и со тоа ја потврдија фаворитската улога во овој дуел. Битолчани славеа со 81:67 (22:18; 16:10; 24:26 и 19:13), а трнерот Марјан Илиевски им даде шанса на сите сите играчи и само еден играч не се запиша во листата на стрелците. Пелистер со натпревар повеќе во некомплетното 14.коло изби на првото место, но утре својот натпревар го игра првакот МЗТ Скопје Аеродром.

На полувреме Пелистер имаше +10 (38:28), а добриот почеток на почетокот на третиот период навестина победа за домашната екипа по двоцифреното водство во речиси целиот тек на овој дел. Гостите од Скопје само успеаја да го намалат водството, но немаа сили за пресврт. За екипата на ФМП останува борбата за опстанокот во Првата лига.

Карпентер во редовите на Пелистер со 16 поени беше најефикасен во својот тим, додека на дуелот најпрецизен беше Смит од ФМП со 20 поени.