Англискиот напаѓач во редовите на Тотенхем постигна нов гол и со тоа стана најдобар стрелец во историјата на Тотенхем.
Овој гол донесе уште едно признание за Кејн, со оглед дека напаѓачот влезе во клубот „200“, во Премиер Лигата, достигнување кои им успеало на само пет играчи во историјата.

Голот на Кејн во 16-тата минута од натпреварот беше доволен за голема победа на Тотенхем над Манчестер Сити.

Избраниците на Конте одиграа одличен натпревар и офанзивно а на посебен начин во дефанзивата, каде што успешно ги спречија сите напади на ,,Граѓаните” и со тоа му го нансоа четвртиот пораз на тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Со оваа победа Тотенхем е на петтата позиција со 39 бода, додека пак Сити остана на втората позиција со 45, но пропушти одлична шанса да ја намали разликата во однос на лидерот Арсенал, кој е на врвот со 50 освоени бода.