Потешко од очекуваното, но апсолутно заслужено кошаркарите на Пелистер се израдуваа на третата победа во АБА2 лигата.
Тренерот на битолчани, Дарко Радуловиќ не го криеше задоволството за прикажаната борбена игра која донесе триумф над Шибенка.
„Честитка до моите играчи ди борбеноста и карактерот што го покажаа.
Имавме прво полувреме во кои одигравме во грч. Во второто полувреме влеговме со поинаква енергија, но никако не можевме да го свртиме резултатот.
На крајот донесевме добри одлуки во напад и чесно се „истепавме“ во одбрана и тоа е тоа.
Ова беше натпревар што се вели на ‘една топка’, но успеавме да оствариме многу важна победа.
Следен противник на Пелистер во петок е екипата на Сутјеска.