Македонскиот Теквондист, Дејан Георгиевски со бронзен медал се враќа од ,,Президент Купот” во Истанбул, Турција.
Георгиевски на патот до медал победи двајца противници, а загуби во полуфиналето. Најпрвин Дејан Георгиевски го прескокна првото коло поради статусот носител, за да во второто коло со 2-0 во вкупен резултат по рунди (4-0, 11-0) го совлада претставникот од Азeрбеjџан, Бадриалиабади.
Убедлива победа следуваше и во третата рунда против Турчинот, Демирчиоглу со 2-0 (6-2, 6-4) за пласман во полуфиналето и осигуран бронзен медал.
За жал Георгиевски немаше сили за уште еден подвиг, па беше поразен со 2-0 по рунди од натпреварувачот од Брегот на Слоновата Коска, Сисе.
Бронзениот медал за Георгиевски е одличен резултат и нови бодови во борбата за Олимписка Норма.