МЗТ Скопје ја совлада Цедевита Олимпија со 79-74, што очигледно беше големо изненадување, за гостинскиот тренер Јурица Големац, кој по убедливата победата на првиот меѓусебен дуел во Љубљана, призна дека не очекувал ваков исход.
„Честитам за заслужената победа на МЗТ. Тоа е тотално различна екипа од првиот дел од сезоната. Ние немавме енергија и клучните наши играчи не одиграа на нивото на кое треба. Ова повеќе е последица на скратениот ростер што го имавме во изминатиот период. По подолга пауза ова е прв меч за Драгиќ, но и прв меч по подолго време да имаме на располагање 12 играчи“, изјави по мечот тренерот на љубљанчани Големац
За словенечката екипа која се натпреварува на три „фронта“ ова беше трет пораз во низа, а вкупно пети регионалната АБА лига,