Фудбалерите на Баерн забележаа победа над Унион Берлин во заостанат натпревар од 13.коло на Бундес лигата.
На средбата одиграна на „Алијанц арена“ во Минхен, фаворитот потешко од очекувано славеше минимално со 1-0.
Иако Баварците постојано напаѓаа и создаваа шанси, мечот го реши гол постигнат на самиот почеток на второто полувреме
Се играше 46-тата минута кога по ударот на Кејн топката заврши во стативата, а на неа натрча Португалецот, Рафаел Гереиро кој беше по прецизен од Англичанецот.
Иако во вториот дел Кејн ја затресе противничката мрежа, сепак неговиот гол беше поништен поради офсајд. До крајот на мечот немаше друг гол, па натпреварот заврши сои минимални 1-0 за домаќините.
Со оваа победа Баерн ја намали предноста на водениот Баер Леверкузен на четири бодови, а Баварците имаат 10 повеќе од Штутгарт кој е трет.