Џирона несомнено е хит во оваа фудбалска сезона. Но, по се изгледа Џирона е Хит само во Ла Лига, бидејќи Мајорка ги надигра во Копа дел Реј. Со резултат од 3:2 Мајорка се пласираше во полуфиналето од Копа дел Реј.

Мајорка најавија дека одат по триумф уште во првото полувреме. На паузата заминаа со неверојатни 3:0. Стрелци на головите беа Ларин во 21.та минута и Абдон Пратс во 28.та минута и 35.та од пенал.

Џирона живна ви вториот дел. Се освести од еуфоријата која очигледно уште ги држела по победата над Севиља. Кристијан Стунани беше првиот што го намали резултатот на 3:1 по пеналот во 68.та минута. Савио за момент влеа надеж во 96.та минута, но сето тоа беше недоволно за Џирона да се врати во игра.

На Џирона и преостана борбата во Ла Лига, а пак Мајјорка стана изненадување во Копа дел Реј стигнувајќи до полуфиналето.

Реал Сосиедад е веќе сигурен патник таму, и заедно со Мајорка ќе ги чекаат последните двајца патници.

Андреј Велјаноски