Иако пред две седмици Ливерпул го победи Вулверхемптон на гости со 1-0 и го елиминира од ФА купот, сепак денеска „црвените“ беа надиграни во мечот од 22.коло на Премиер лигата.
Вулверхемптон му се реваншира на Ливерпул совладувајќи го со 3-0
Домаќините поведоа уште во 5-минута со автоголот на Џоел Матип, но веќе во 12-тата имаа и два предност, откако во листата на стрелци се запиша Досон. Иако во вториот дел гостите се обидуваа да стигнат до гол, сепак тоа не им успеа, но затоа на спротивната страна Невест ги постигна конечните 3-0 за домаќините.
Со овој пораз избраниците на Јирген Клоп ја продлабочија кризата и веќе четврти меч во низа не знаат за победа, а со само 29 освоени бодови веќе одамна ја загубија трката за висок пласман, па дури во прашање е доведен и пласманот во европските купови следната сезона, во кој евентуално учество ќе бараат преку ФА Купот.