,,Црвените Ѓаволи” по поразот од Арсенал и нерешениот резултат против Кристал Палас, во претходните два натпревари, се вратија на победничките патеки откако денес во драматичен натпревар го совладаа Кристал Палас со 2-1.

Резултатот го отвори Бруно Фернандеш, кој во седмата минута, мирно го реализираше ударот од белата точка. Во продолжението на натпреварот, шанси за погодок имаше на двете страни, а една од шансите реалиризаше Маркус Рашфорд, кој во 62-та минута на одлично додавање од Лук Шо, ја затресе противничката мрежа за предност од 2-0.

Кога делуваше дека се оди според планираното за ззбраниците на Ерик Тен Хаг, играчот за врска Касемиро во 70-тата минута од натпреварот кога поради жесток старт заработи исклучивање.

Гостите тргнаа во офанзива, а само 6 минути по исклучувањето на Касемиро, ја истористија бројчаната предност па преку Џефрли Шлуп намалија на 2-1.

Сепак за среќа на навивачите на Црвените Ѓаволи, гостите немаа сили за уште еден гол и целосно враќање во мечот, па трите бода заминаа на контото на Манчестер Јунајтед.

Со оваа победа, избраниците на Ерик Тен Хаг дојдоа до 42 бода и остана на третата позиција, на три бода помлаку во однос на второпласираниот Манчестер Сити и 8 помлаку во однос на лидерот Арсенал.