Продолжува највозбудливата сезона во Бундес Лигата во последната деценија. Дури  7 екипи се во врвот со шанси за титула, а од денес барем до утре нов лидер е Унион Берлин, додека пак Борусија Дортмунд се изедначи со Баерн на втората позиција.

,,Милионерите” на домашен терен беа убедливи против Фрајбур па со 5-1 запишаа нови три бода, за израмнување со Баерн со по 37 бода на табелата.
Шлотерберк во 26-тата минута го отвори резултатот и донесе предност за Борусија Дормунд. Фрајбург се врати преку Холер во 45-тата минута за 1-1 на полувреме. Милионерите заиграа поквалитетно во второто полувреме и за само три минути преку Адејеми во 48 и Хелер во 51-та дојдоа до 3-1, а Бранд во 69-тата и Рејна во 82-та ги поставија конечните 5-1

Нов лидер во Бундес Лигата е Унион Берлин. Тимот на Урс Фишер игра одличен фудбал, а со победата над Мајнц дојдоа до дванаесеттата победа оваа сезона и барем за момент го презедоа врвот во Бундес Лигата.

Кевин Беренс во 29-тата минута, донесе водство за тимот од Берлин. Мајнц 68 минути подоцна преку Ингварсен од пенал во 79-тата минута се врати во натпреварот. Нова радост и победа за Унион Берлин донесе Сибертау во 84-тата минута. Со оваа победа Унион Берлин  има 39 бода, два бода повеќе во однос на Баерн но и натпревар повеќе.

Сигурнa победa во оваа коло во Германија запиша и   Ајнтрахт Франфурт против Херта.

Ајнтрахт Франкфурт на крилјата на Рандал Коло Муани ја победи Херта со 3-0 запишувајќи нова, десетта победа оваа сезона со која дојде на 35 бода, 4 помалку во однос на новиот лидер, Унион Берлин.
Со двата гола денеска Муани дојде до учинок од 9 погодоци, на што  феноменалниот Француз  има и 10 асистенции, што го прави еден од најдобрите играчи оваа сезона. Третиот гол за Ајнтрахт беше дело на Бута во 94-тата минута за конечни 3-0

Единствен од фаворитите кои потфрлија во Бундес лигата во денешните натпревари е тимот на Лајпциг кој на гостувањето кај Келн освои само бод.