Лоши вести за Езџан Алиоски, откако тренерот и управат на Фенербахче одлучија да не го пријават за вториот дел од сезоната во Лигата на Европа.
Фенер заврши како првопласиран во својата група и се пласира директно во осмифиналето, но во натпреварите од елиминациската фаза ќе биде без Македонскиот репрезентативец.
Статусот на Џани во Фенербахче е се полош, а по одличниот старт кој го имаше по доаѓањето, сега се потешко фаќа место во тимот и со тоа се погласни се шпекулациите за негово заминување од славниот турски тим
Во пролетниот дел на Лига Европа Енис Барди со Трабзонспор ќе ја брани честта на Македонија.