Македонија загуби од домаќинот Германија со девет разлика во вториот натпревар на Европскиот шампионат. 

Разликата е голема. Но, добрите познавачи на ракометот им е јасно дека Германците во моментов се далеку по квалитетен противник.

Еден од оние кои заслужи висока оценка во нашата селекција секако е Марко Митев. Бекот мал по раст, но со големо срце, од петни жили се обидуваше и многупати успеваше. 

Сепак, младиот Митев е свесен дека Германците во моментов се пред се физички, па и тактички и технички, посупериорни. 

Митев вели дека на вакви натпревари како овој со Германија и претходниот со Франција, нашите ракометари има многу што да научат.