Во дербито на 20.коло во италијанската Серија А, Милан ја совлада Рома на својот „Сан Сиро“ со 3:1.

Рано водство за „росонерите“ донесе Јашин Адли, кој прекрасно реагираше во шестнаесетникот и погоди за 1:0 во 11-тата минута.

На 2:0 зголеми Оливиер Жиру, кој карактеристично за него со глава го совлада Руи Патрицио во 56-тата минута.

Грешката на Давиде Калабрија во шестнаесетникот му овозможи на Леандро Паредез да постигне погодок од белата точка. Тој прецизно го изведе пеналот и намали на 2:1 во 69-тата минута.

Надежта на Рома и Мурињо згасна во 84-тата минута, кога Тео Ернандез постигна погодок поставувајќи ги конечните 3:1 за Милан.