Пак со народни пари ќе плаќаме странци!
Иако народните избраници по брза постапка го изгласаа новиот закон за финансирање во спортот, пак никој не мисли на МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ.
Имено откако беше повлечен законот за така-наречениот „Ваучер“, државата изнајде начин како спортот и натаму да биде финансиран со буџетски „народни“ пари.
Сумата од 10 милиони евра на годишно ниво останува не променета, но сека федерациите, спортистите и клубовите директно ќе ги добиваат од државата.
Она што и натаму боде во очи е што клубовите дел од „народните“ македонски пари, ќе може да ги трошат на странци. Законодавецот сега предвидел таа сума да не надминува 25% од добиете средства.
ЦЕЛ на овој закон е:
„Подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“
Ако некој малку подлабоко навлезе во ефектот на постигнатите резултати од воведувањето на „Ваучерот“ до денеска ќе види дека на репрезентативно, па и клупско ниви и нема со кои резултати да се пофалиме.
Бројните сугестии од јавноста, научната фела, инволвираните во спортот, очигледно и натаму никому не му е гајле да вистински, реален развој на МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТИ.
Да сега ќе има повеќе пари за нив, бидејќи законодавецот предвидел лимитирање во средствата кои може да се строшат на странци.
„Корисниците на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основ на субвенции согласно Законот за контрола на
државната помош, средствата ги користат за:
– плати, надоместоци и бонуси на спортистите и стручните лица врз основа на правилникот на клубот кој во писмена форма се доставува до националната спортска федерација,
– плати, надоместоци и бонуси за спортистите и стручните лица кои немаат државјанство на Република Северна Македонија во износ не повисок од 25% од вкупните добиени средства по основ на субвенции согласно Законот за контрола на државната помош,
– месечна плата за едно лице кое ќе извршува административно-технички работи во спортскиот субјект, во износ не повисок од една минимална плата исплатена во претходниот месец на Република Северна Македонија, а вкупниот износ на годишно ниво по овој основ да не надминува 10% од вкупните добиените средства по основ на субвенции од Законот за контрола на државната помош,
– организација на патувања и престој на клубот или активниот спортист во земјата и странство заради натпреварувања или подготовки,
– плаќање за изнајмување на деловен простор за работа на клубот, во износ не поголем од 10% од добиените средства годишно,
– патувања заради учество на стручни семинари, конференции и усовршувања, а по претходна одлука на органот на управување на
спортскиот субјект,
– котизации и членарини во националните и меѓународните тела во кои членуваат,
– набавка на опрема и реквизити,
Но, законодавецот не предвидел ниту размислил како да се заштитат македонските спортисти, особено оние во колективните спортови.
Злоупотребата на НАРОДНИТЕ пари ја принуди државата да интервенира во овој закон за финансиска поддршка. Но, таа и натаму ќе биде злоупотребувана.
Па така и натаму ќе имаме екипи и поединци кои ќе имаат настапи на меѓународна сцена кои носат дополнителни средства. Притоа никому нема да му е гајле какви резултати се остварени иако навидум и тоа е пропишано во законот.
И натаму ќе имаме клубови кои ќе пријавуваат репрезентативци (ставка која носи дополнителни средства), а притоа истите ќе имаат договори на НУЛА (0) денари, пријавени во федерациите.
И натаму ќе имаме клубови кои нема да ги подмируваат обврските кон спортистите и стручните лица, иако имаат договори за тоа.
Е да законодавецот не предвидел таквите МЕШЕТАРИ, кои не му мислат добро на македонскиот спорт, да бидат санкционирани и за навек отстранети од спортот.
Измените и она што е предвидено во тој дел од законот за спорт можете да ги прочитате во продолжчение.