Од таборот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар потврдија дека Марјан Алтипармаковски е новото засилување на црвено-црните.

Искусниот 32 годишен напаѓач Алтипармаковски доаѓа од екипата на Раднички Белград.

Во својата богата кариера како член на Работнички, Брегалница, Струга, Пелистер има 164 настапи во кои има постигнато 41 гол.

Алтипармаковски како интернационалец има настапувано и во: Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Инкер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија)

Во својата кариера искусниот напаѓач има забележано и 13 настапи за младата репрезентација на Македонија.

Инаку вардарци денеска заминаа за Гевгелија каде ќе одработат седумдневни подготовки.