Сениорската репрезентација со пораз од Франција со 39:29 го започна учеството на Европското првенство во Германија.
Нашата репрезентација во првото полувреме успеа да парира на Франција. Сепак во продолжението Триколорите покажаа зошто се олимписки шампиони.
„Игравме против најдобрите во светот, француската репрезентација заслужи да победи на овој натпревар.
Задоволен сум, одигравме добро но, не доволно за победа. Загубивме со десет разлика, не сум задоволен од крајниот резултат.
Можеби пореално беше да биде на крајот шест до осум разлика.
Сега имаме четири дена да го подготвиме натпреварот со Германија и верувам во оваа селекција“,
изјави Лазаров.
Нашата репрезентација на 14 јануари го игра наредниот натпревар против репрезентацијата на Германија во Берлин.
Ивона Кимовска