Нов пораз претрпе италијанскиот шампион Наполи. Во дуелот од 19.коло на Серија А, Наполи на гостувањето кај Торино загуби убедливо со 0-3.
Стрелци на головите за домаќините беа: Сарабиа (43.минута), Влашиќ (52) и Бонџорно (66). За Наполи, во Серија А, ова беше четврти пораз на последните шест натпревари во кои оствари само една победа.
Киксот на Наполи го искористи Лацио кој на гостувањето кај Удинезе славеше со 2-1.
Пелегрини во 12-тата и Векино во 76.минута беа стрелци на головите за гостите од Рим. Во меѓувреме (56) Валас погоди за домаќините.
Лацио направи скок за три места и сега е шести, додека Наполи падна на деветтата позиција на табелата.