Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во Црна Гора.
Репрезентацијата на ракометари до 18 години ќе се обиде да го повтори успехот на претходната генерација, која пак летово ќе игра на шампионатот за играчи до 20 години.
Избраниците на селекторот Наум Танески на домашен терен во салата „Автокоманда“. Црвено-жолтите ќе се борат за еден од двата билети што носат место на ЕП против селекциите на Словачка, Швајцарија и Косово.
На првиот ден (5 јануари), нашите кадети ќе играат против Словачка од 15 часот. Во истиот термин на Бадник и Божиќ, ќе ги играат дуелите со Швајцарија и Косово.
Европското првенство во Црна Гора ќе се игра од 7 до 18 август следното лето.
Пласман веќе имаат обезбедено домаќинот и уште 13 други селекции. Ним ќе им се приклучат 10 селекции од петте квалификациски групи.
Распоред на натпреварите:
05.01.2024 – Петок
12:00 ШВАЈЦАРИЈА – КОСОВО
15:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА
06.01.2024 – Сабота
12:00 СЛОВАЧКА – КОСОВО
15:00 МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
07.01.2023 – Недела
12:00 ШВАЈЦАРИЈА – КОСОВО
15:00 КОСОВО – МАКЕДОНИЈА