Дресот со број 32 на Орландо Меџик ќе биде повлечен на 13-ти февруари. Го носеше легендарниот центар Шекил О’Нил, кој првите четири сезони од кариерата ги мина во Орландо. 

Орландо го избра легендарниот центар за прв пик на драфтот во 1992 година, а првите четири сезони од кариерата ги одигра за тимот од Флорида, по што се пресели во редовите на Лос Анџелес Лејкерс.

„Кога некој ќе ве праша кој беше првиот играч кој го стави Орландо Меџик на мапата на НБА, одговорот е едноставен. Тој ја доведе франшизата до нови височини, и на теренот и со неговото наследство што се чувствува во организацијата“, рече Извршниот директор на Меџик, Алекс Мартинс.

Бројот на О’Нил ќе биде првиот што ќе биде повлечен од Орландо. Оваа екипа ќе биде третата која му оддава вакво признание на О’Нил. 

Претходно тоа го сторија екипите на Мајами и ЛА Лејкерси со кои Шекил освои четири шампионски титули. 

Во текот на својата кариера тој играше и за: Феникс, Кливленд и Бостон, пред да се пензионира во 2011 година.