Во НБА лигата ножеска се одиграа само два натпревари.

Шампионот, Денвер направи огромен пресврт во последните седум минути за победа против Голден Стејт.

Вориорс одиграа одлична трета четвртина (44:24), но Нагетс успеаја да се вратат во игра со серијата 25:4. Јунак повторно беше Никола Јокиќ кој во последната секунда од невозможна ситуација и речиси половина терен постигна победнички кош.

Јокиќ натпреварот го заврши со 34 поени, девет скока и десет асистенции, додека Арон Гордон додаде 30 поени и девет скока.

Кај Голден Стејт, Стеф Кари постигна 30 поени и шест асистенции.

Милвоки победија со 125:121 на гостувањето кај Сан Антонио Спарс. Ова е деветти пораз во последните десет натпревари за Спарс, а прва победа за Бакс по два последователни порази.

Најдобар кај Бакс беше Јанис Антетокунмпо со 44 поени, 14 скока и седум асистенции, а кај Спарси се истакна Девин Васел со 34 поени и шест скока.