Фудбалерите на Лас Палмас беа пред големо изненадување во дуелот со Барселона. Во натпревар од 19.коло на Ла Лига, Лас Палмас загуби од Барселона со 1-2 во судиското дополнение и тоа од пенал.
Домаќините поведоа со голот на Мароканецот, Ел Хадади во 12-тата минута. Барса во продолжението се обидуваше со сите сили да стигне до израмнување, но на полувремето резултатот остана не променет.
Притисокот на Барса продолжи и во вториот дел. Се играше 56-тата минута кога Феран Торес постигна гол и го израмни резултатот на 1-1.
И во продолжението иста слика на теренот. Реализацијата потфрли, но благодарение на големата грешка на домаќините Барса стигна до победа. Си играше судиското дополнение кога беше направен пенал, а сигурен реализатор беше Турчинот, Гундоган за победа на Барса од 2-1.
Со освоите бодови и вкупно 41 Барселона се врати на третото место на табелата пред Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид кои имаат по 38. Сепак Каталонците заостануваат дири 7 бодови зад водечкиот тандем, Реал Мадрид и Џирона.