Рома е претпоследната седма екипа што обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
Вечерва пред своите симпатизери Рома со пресврт во вториот дел ја совлада екипата на Сасуало со 2-1.
Првиот дел гостите го завршија со предност од 1-0. За тоа се погрижи Франк Цаџут со голот постигнат во 37-минута.
Избраниците на Муриљо фрлија се на една карта во вториот дел и тоа донесе резултат.
Лукаку во 77-та и Дибала од пенал во 85-тата минута го направија пресвртот за победа на Рома од 2-1.
Така во четвртфиналето ќе го гледаме римското дерби во кое Рома за противник ќе го има лутиот ривал Лацио.
Останува да го дознаеме само уште противникот на Фосиноне, а тоа ќе биде подобриот од утрешниот дуел меѓу Јувентус и Салернитана.
Фиорентина – Болоња и Аталанта – Милан се останатите два пара за четвртфиналето. Победниците од овие дуели закажани за 9 и 10 јануари ќе играат меѓусебно во полуфиналето.