Сензациите на Џирона во шпанската Ла Лига продолжуваат и во новата 2024-та година. „Малиот“ тим од Бадалона останува при самиот врв на табелата со ист број на бодови како и лидерот Реал.

Џирона вечерва пред своите симпатизери во супер ефикасен натпревар со 4-3 го совлада „големиот“ Атлетико Мадрид.

Џирона најави уште на стартот дека е тргната по триумф. Резултатот го отвори Валери во втората минута. Набргу Мората го израмни натпреварот. Савио и Блинд го зголемија резултатот на 3:1. Мората ги врати Атлетико со нов гол на 3:2. Набргу му беше поништен уште еден поради ВАР.

Сепак, во вториот дел Мората го комплетираше својот „хет-трик” и израмни на 3:3.

Двете екипи продолжија со атрактивен фудбал до самиот крај. На крајот „џек-потот” го доби Џирона. Голот на Иван Мартин во судискиот надоместок значеше победа за Џирона.

„Хитот” во Ла Лига е во делба на првата позиција со Реал Мадрид., со по 48 бода по 19 одиграни натпревари. Атлетико пак се 3-ти со 38 бода колку што има и Барселона на 4.место, која пак утре игра против Лас Палмас.

Андреј Велјаноски