Андреас Велингер е победник на првата од четирите скокалници на новогодишната турнеја.
На задоволство на домашната публика во Оберсдорф, Германецот, оствари најдобар резултат со со скоковите од 139,5 во првата и и 128,5 метри во втората серија. Тоа на Велингер му обезбеди 309,3 поени од судиите и заврши како прво пласиран.
Јапонецот, Риоју Кобајаши заостана три со скоковите од 134,5 и 129 метри. Треторангиран беше Австриецот, Стефан Крафт со скокови од 132,5 и 125 метри.
Новите возбудувања продолжуваат на првиот дел во новата 2024-та година, кога на програмата се натпреварите во Гармиш Партенкирхен. Потоа серијата се сели во Австрија односно во Инсбрук (4 јануари) и Бишесхофен (6 јануари)