Во италијанската Серија А, попладнево се одифраа првите натпревари од 18-тото коло.

Екипата на Фиорентина славеше над Торино, додека шампионот Наполи осбои само бод во дуелот со Монца.

Во Фиренца „виолетовите“ до трите бода стигнаа со голот на Раниери во 83.минута совладувајчи го Торино со 1-0. Со трите освоените бодови, а вкупно 33 Фиорентина изби на 4.место на табелата колку што има и трето пласинарниот Милан

Шампионот, Наполи пак освои само еден бод во дуелот со Монца играјќи без голови 0-0.

Наполитанците може да бодат и среќни што не загубија бидејќи Песина во 68.минута не реализира пенал за гостите. На последните пет натпревари Наполи освои само 4 бода, а со вкупно 28 е далеку зад лидерот Интер (44), кој вечерва гостува кај Џенова.