Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас е „продаден“ на Лајпциг, потврди првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Откако фудбалскиот „инсајдер“ Фабрицио Романо ја пласира информацијата за завршениот трансфер, се огласи и претседателот на Наполитанците.
„Ние го продадовме Елмас, зделката е завршена.
Тој секогаш сака да игра па затоа решивме да го пуштиме“, изјави де Лаурентис.
А, како што пишува Романо трансферот на Елмас изнесува 25 милиони евра.
Останува Елмас да ги мине лекарски прегледи и го потпише договорот со бундес лигашот.