Кошаркарите на Пелистер го претрпеа петтиот пораз во второлигашката АБА конкуренција.
Во натпревар од 7.коло битолчани вечерва загубија од хрватскиот тим Цедевита јуниор со 74-78.
Пелисиреци лошо го отворија натпреварот. Во раната фаза на противникот му дозволија да направи шест поени предност. Сепак со серија од 7-0, ја вратија предноста во своја полза. На крајот на четвртината сепак Цедевита беше таа која замина со предност 19-18. И во вториот период битолчани постојано бркаа негатива, која на полувремето изнесуваше 8 поени 38-46.
Иста слика и во второто полувреме. Пелистер губеше и со 15 разлика. Во финишот со 8-те поени во низа на Магдевски се врати на -5, но немаше сили за комплетен пресврт.
Така бадијала останаа добрите игри на Јуре Планиниќ и Малком Бернард кои остварија дабл-даб, а блиску до тоа беше и Андреј Маслинко.
Пелистер со само две победи и четири порази е на делба од 9 до 12 место со уште три екипи.
За битолчани заврши настапот во Широки Бриејг каде ТФТ и МЗТ Скопје треба да одиграат уште по еден натпревар.