Последниот натпревар од лигашкиот дел од Супер лигата одигран вечерва во Кавадарци заврши со триумф на Алкалоид 25:23 (12:13). Со оваа победа тимот на Кирил Лазаров со максимален учинок го заврши првиот дел со 14 победи.

Во изедначен натпревар ГРК Тиквеш имаше предност на полувреме 13:12. Двете екипи се менуваа во водство во вториот дел, а домашните последното водство го имаа 23:22. Но, до крајот домаќините не постигнаа гол и останаа без бод и без второто место.

Во клучните моменти за гостите прецизни беа Иван Џонов и Едвин Омерагиќ, а на крајот од „гол на гол“ празната мрежа на ривалот ја затресе и голманот Благојче Трајкоски.

Џонов со 5 голови беше најефикасен кај победникот, додека на дуелот најпрецизен беше играчот на Тиквеш, Ани Обина со 12 гола.

Во А групата Алкалоид заврши со максимални 42 бода, пред Охрид со 33 и Тиквеш со 33.

Алкалоид ќе пренесе три бодови, Охрид два, а Тиквеш еден, додека Струга во во плеј офот ќе влезе без бод.