Екипите на МКК Куманово и Маџари ги добија дерби дуелите од последното 11.то коло од приод дел во Втората кошаркарска лига.

Кумановци славеа во дуелот со Шкупи, а Маџари го совлада составот на Ангели.

Тимот на МКК Куманово славеше на гостувањето на Шкупи со -60-82. Победата гостите ја најавија во првиот период што го добија со десет поени 21-11. До крајот на полувремето домашниот состав намали само два поени па кумановци заминаа на одмор со 32-24.

Во третиот период гостите ја одржуваа предноста, а во последниот из доминираа. На крајот Куманово славеше со 82-60 за 11-та победа во исто толку одиграни натпревари.

Второто дерби беше далеку по неизвесни. Им припадна на кошаркарите на Маџари кои го совладаа составот на Ангели со 76-68.

Домаќините отворија добро и поведоа со 9-2. Но, гостите брзо се вратија и го свртеа резултатот во своја полза 20-15.

14 17-31. Следуваше серија од 7-0 на домашниот тим, но гостите веднаш вратија со иста мерка. На крајот на полувремето Ангели заминаа со седум предност 39-32.

По 6.минути игра во второто полувреме Маџари дојде до водство 48-47. Сепак во последниот период Ангели беа оние кои влегоа со поен предност 54-53. Последниот период двата тима се менуваа во водство. Со двете врзани тројки на две минути до крајот домашниот тим се одлепи. Тоа се покажа како решавачки момент па Маџари се радуваше на победа со конечни 76-68.

Најефикасен во победничката екипа беше Паоло Блажевски со 29 поени, додека кај гостите најрасположен за игра беше Давид Трпески со 17 поени.

Така МКК Куманово и Маџари зимската пауза ќе ја минат на првите две места.

Натпреварот меѓу Куманово 2009 и МЗТ Скопје У.Б. е одложен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 22бодови, Маџари 21, Шкупи 19, Ангели 18, МЗТ Скопје У.Б. 17, Борец баскет 15, Водно Санс 14, Соколи 14, Мега Баскет 13, Работнички 2018 13, Тетекс 11, Куманово 2009 9.