Со двата натпревари во Белград и Лајпциг, комплетирана е последната рунда во групата Г во Лигата на шампионите. И пред оваа коло се беше јасно во оваа конкуренција. Така двата меча се играа само за престиж.
Акртеилниот шампион Манчестер Сити и со младински погон славеше на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда. Популарните „граѓани“ победија со 3-2, а стрелци на головите беа 20-годишните фудбалери.
Во 19-минута Мајка Хамилтон погоди за 1-0, а во 62-та Норвежанецот, Оскар Бобо беше стрелец на вториот гол. Црвено-белите Кореецот, Хванг во 76.минута намалија на 1-2. Сепак Филипс во 85-тата го постигна третиот гол за Сити, а конечните 2-3 беа дело на Катаи во судиското дополнение.
И вториот натпревар, одигран во Германија заври со победа на фаворитот. Лајпциг со ист резултат 2-1 го совладаа тимот на Јанг Бојс.
Трите гола беа постигнати во рок од осум минути. За домаќините погодија Шешко (51)и Форсберг (56) погодија за домаќините, а Коли (53) за гостите.
Манчестер Сити и Лајпциг се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Јанг Бојс ќе игра во Лига Европа.