Екипата на Пролет 62 со победата вечерва во дуелот од 14.коло од Б групата од Супер лигата над Бутел со 22:20 го потврди местото во плејофот од Супер лигата. Воедно оваа екипа ја комплетираше „осумката“ тимови кои во пролетниот дел ќе се борат за шампионската титула. 

Пролет до триумфот стигна благодарение на одличниот старт во вториот дел кога од 13:13 имаше серија од 5-0 за водство од 18:13 кое се покажа решавачко. Најефикасен кај победникот беше капитенот Ласко Андоновски со 5 голови, а на дуелот Дејан Михајловиќ од Бутел со 7. 

Ракометарите на Вардар рутински стигнаа до нов триумф над Голден Арт со 32:25 што значеше и 1.место во Б групата, иако противникот водеше до 40.та минута. Во дуелот на двете последнопласирани екипи од Б групата Мулти Есенс на гости славеше против Вардар во Неготино со 25:22.

На единствениот дуел одигран денеска од А групата Охрид го совлада Скопје 2020.

Резултати на натпреварите од 14.коло – А група: Охрид – Скопје 34:24, МРК Куманово – Еурофарм Пелистер 2 24:27, Струга – Аеродром 34:23 (двата натпревара се играат вчера). Дербито на колото меѓу ГРК Тиквеш и Алкалоид се игра в сабота.

Резултати на натпреварите од 14.коло – Б група: Прилеп – Еурофарм Пелистер 33:38 (играно во понеделник), Вардар Неготино – Мулти Есенс 22:25, Вардар – Голден Арт 32:25 и Пролет 62 – Бутел 22:20.

Првопласираните екипи од групите во плејофот ќе стартуваат со по 3 бодови, второпласирани со по 2, третите со по 1 бод, а четвртопласираната без бодови.

Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore